top of page

Мисија

Целта на Групата ЦИВИТАКС е да подига иницијативи, анализира и истражува и да ги застапува фискалните прашања, во најширока смисла на зборот, што ги засегаат граѓанските организации, академските институции и физичките лица, како и да го застапува правото на правна извесност во оваа област како човеково право.

Meeting

Активности

Целта на Групата ЦИВИТАКС ќе се остварува преку следната рамка на активности:

  • Стручни анализи и истражувања за прашањата во доменот на Групата;

  • Иницијативи за застапување одредени прашања, идеи и решенија пред надлежните носители на одлуки;

  • Формулирање и застапување ставови за потезите на носителите на политиките;

  • Формулирање и давање влезни информации на членот/вите од Групата при Советот за соработка со граѓанскиот сектор при Владата на РМ, за прашања од доменот на Групата.

Dollar Bills

Политики и принципи

Работата на Групата Цивитакс се базира на следниот сет од политики и принципи:

  • Сите основачки членови на Групата ЦИВИТАКС имаат еднакви права, обврски и одговорности

  • Сите основачки членови на Групата ЦИВИТАКС имаат добра репутација и контакти со ентитети со кои соработуваат, како владата, донаторите, граѓанскиот и академскиот сектор, приватниот сектор и сл.

  • Сите основачки членови на Групата ЦИВИТАКС имаат добро управување и професионален кадар, како и уредни и транспарентни финансии

  • Сите основачки членови на Групата ЦИВИТАКС имаат волја да преземаат целосно објективни иницијативи, истражувања и анализи и да презентираат корисни и практични идеи и заклучоци.

  • Групата ЦИВИТАКС може да ја застапуваат сите основачки членови, дел од основачките членовите или поединечен член. Застапувањето во име на Групата се прави во претходно информирана и консензуална атмосфера.

  • Придружните членови на Групата ЦИВИТАКС може да се придружуваат кон иницијативите, акциите, истражувањата и застапувањето, но не може поединечно да ја застапуваат Групата.

Graphs
Мисија и активности: Services
bottom of page